Започнете ја вашата кариера и следете ја вашата страст

Кај нас
студентскиот живот е разновиден и
инклузивен

Добредојдовте на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје

Основан во 1947 година, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е најстарата и водечка високообразовна институција во Република Македонија во областа на земјоделските науки, храната и природните ресурси.

Со современи студиски програми, напредни лаборатории, експериментални полиња и силна меѓународна соработка, Факултетот ги поврзува науката, образованието и практиката за да создаде иновативни решенија за одржливо земјоделство, безбедност на храната и зелена транзиција.

8172+

Дипломирани студенти

559+

магистри на науки

261+

доктори на науки

76+

години постоење

Нашите капацитети

  • 6 амфитеатри
  • 29 предавални 
  • 9 специјализирани лаборатории
  • 40 простории за експериментална работа 
  • 100 простории за настава и административна работа
  • Центар за дигитално земјоделство
  • 3 конференциски сали 
  • Компјутерски лаборатории
  • Библиотека
  • Канцеларија за Студентската организација 
  • Опитно поле од 70 ха
  • Стакленици
  • Парк на пчела

Стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) секоја година обезбедуваат 30 стипендии во износ од 18.000 денари месечно за студенти од прв циклус студии од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Право на аплицирање имаат студенти со просечен успех од најмалку 8,00.

Новости и настани

Erasmus+ Project HEAL-in-ONE

На Факултетот за Земјоделски науки и храна во Скопје на 16.10.2023 година се одржа четвртиот транснационален состанок во рамките на проектот Erasmus+

Повеќе

Подготвени сте за следниот чекор кон вашата кариера? Разгледајте ги нашите студиски програми и пријавете се на конкурсот за упис

Are you ready to take the next step toward your future career?